Украинскиот боксер Олександар Усик успеа да ја одбрани светската титула во тешка категорија откако во саботата во Полска го нокаутира Британецот Даниел Дубоа.
36-годишниот Украинец сега успешно ги одбрани титулите на ВБА (супер), ВБО, ИБФ и ИБО.
Тој го нокаутираше 25-годишниот во деветтата рунда.
Тој ги освои овие титули од Ентони Џошуа во 2021 година.
На Усик му недостига само титулата на ВБЦ, која ја држи Тајсон Фјури.
Усику во кариерата има 21 победа, од кои 14 со нокаут. Нема порази и нерешени.