Манчестер Јунајтед многу веројатно ќе ги осигура услугите на францускиот дефанзивец Жил Кунде, кој е дел од тимот на Севиља.
Британските медиуми во понеделникот објавија дека Кунде е решен да ја напушти Севиља за време на јануарскиот преоден рок и затоа започнал преговори со Јунајтед. Кунде е фрустриран поради тоа што Севиља ги одби понудите од Челзи и Реал Мадрид во летниот преоден рок.
22-годишниот Кунде е еден од најценетите дефанзивци во Ла Лига и Севиља бара најмалку 80 милиони евра за да го ослободи.
Оваа сезона има осум настапи за Севиља, тим со кој има договор до 2024 година.