Манчестер Јунајтед изрази интерес за играчот од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер, според „Сан“ во средата.
Познато е дека Бенасер ова лето побара да си замине од италијанскиот тим и Јунајтед се гледа како соодветно засилување за средниот ред.
24-годишниот Мароканец има договор со Милан до 2024 година и италијанскиот шампион за неговиот картон бара околу 40 милиони евра.
Минатата сезона Бенасер постигна два гола и еднаш асистираше во сите натпреварувања за Милан, тим во кој дојде пред три години од Емполи.
Слични статии