На англискиот дефанзивец, Ешли Јанг, по фантастичните настапи со Манчестер Јунајтед, се очекува да му биде понуден нов договор.
Португалскиот тренер Жозе Мурињо најави дека сака да го задржи Јанг уште многу години во „црвените ѓаволи“.
32-годишниот фудбалер е во последната година од договорот со Јунајтед.
Се очекува челниците на англискиот клуб да му понудат на Англичанецот двегодишен договор со кој ќе остане во Манчестер до 2020 година.