Манчестер Јунајтед постигна договор со Интер за голманот Андре Онана.
Од Интер, Онана ќе се пресели во Јунајтед за 51 милион евра, плус 4 милиони евра бонуси.
Се уште не е објавено кога Онана ќе ги помине лекарските прегледи. Но, како што пишува „Скај Спортс“, камерунскиот голман што поскоро ќе се приклучи на англискиот тим.
Онана има договор со Интер до јуни 2027. Интерес за 27-годишниот голман пројави и арапскиот тим Ал-Наср каде настапува португалската ѕвезда Кристијано Роналдо.
Но, Онана сака уште подолго да остане дел од европскиот фудбал. Онана претходно играше и за Ајакс, додека е производ на Барселона.