Самуел Умтити ќе го напушти тимот на Барселона, напиша во саботата францускиот медиум „Л’Екип“.
Францускиот дефанзивец во 2016 година од Лион премина во шпанскиот гигант од Ла Лига, додека сега кариерата може да ја продолжи во Франција или Италија, напиша францускиот медиум.
Интерес покажаа пет екипи, Марсеј, Ница, Рома, Лацио и Фиорентина.
Екипата на Фиорентина ги сака неговите услуги на позајмица.
Умтити има договор со Барселона до 2026 година.
28-годишниот централен дефанзивец минатата сезона одигра само еден натпревар.
Слични статии