УЕФА сака да ја заврши Лигата на шампионите за три недели во август. Фудбалската куќа број еден во Европа се обидува да ги заврши натпреварувањата и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.
УЕФА првично го одложи финалето на Лигата на шампионите за еден месец поради коронавирусот, но сега е одложено на неодредено време.
Според „Сандеј експрес“, УЕФА ќе се обиде да ги организира преостанатите натпревари во период од три недели во текот на август.
Сепак, натпреварувањето се уште е во 1/8 финалната фаза, каде пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите обезбедија само РБ Лајпциг, Атлетико Мадрид, Пари Сен Жермен и Аталанта.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, претходно изјави дека нема да може да се одложат турнирите по август.
„Не можеме да играме во септември или октомври“, рече тој.
Сепак, Чеферин не ја отфрли можноста да се организираат натпревари без публика, како што беше случај во некои мечеви од 1/8 финалето.
Известено е дека УЕФА ја разгледува можноста за организирање „фајнал фор“ или дури „фајнал 8“ за двете натпреварувања, само за да ги заврши.
-
УЕФА демантира дека 3 август е краен рок за комплетирање на Лигата на шампионите
-
УЕФА размислува за модел кој гарантира десет натпревари во групната фаза
-
Лигата на шампионите и Европа, подготвени за продолжување
-
1/8 натпреварите од финалето на Лигата на шампионите се играат на локалните стадиони
-
Кога се враќа Лигата на шампионите на УЕФА на ПОТСЕТУВАЊЕ?