Тотенхем доживеа нов пораз во Премиер лигата. Лондонскиот клуб денеска на домашен терен беше поразен од Лестер Сити со резултат 2:0, во 14. коло од англиската елита.
За Лестер погодија Џејми Варди (45+4' пенал) и Тоби Алдервирелд (59' автогол).
По 14 кола води Ливерпул со 31 бод, четири повеќе од Лестер кој го зазема второто место. Евертон е трет со 26 бодови, додека Тотенхем падна на четвртата позиција со 25 бодови.