По Арсенал, во конкуренција за услугите на играчот од средниот ред на Јувентус, Мануел Локатели влезе и Тотенхем.
„Дејли мејл“ информира дека токму тренерот на Тотенхем, Антонио Конте инсистира на трансфер на Локатели.
Тотенхем е подготвен да плати над 50 милиони евра за неговиот картон, бидејќи има намера да го трансферира во јануарскиот преоден рок. Локатели оваа сезона не прикажува добри настапи во Јувентус и италијанскиот тим е подготвен да ги слушне сите понуди за него.
24-годишниот фудбалер е во втората година од позајмицата во Јувентус од Сасуоло, додека тимот од Торино има опција да го откупи за 40 милиони евра на крајот од оваа сезона. Локатели оваа сезона забележа 11 настапи во сите натпреварувања за Јувентус.