Голманот на репрезентативецот на Албанија, Етрит Бериша во новата сезона ќе биде дел од тимот од Серија А, Торино. Италијанските медиуми во вторникот објавија дека страните веќе постигнале договор, кој ќе биде официјализиран до крајот на оваа недела.
Деталите од договорот не се откриваат, но се вели дека Бериша ќе потпише тригодишен договор со Торино, тим кој веќе има договор со СПАЛ за ослободување на Бериша.
Минатата сезона 32-годишниот Бериша забележа 27 настапи во Серија Б со СПАЛ, тим со кој има договор до 2022 година. Тој во овој тим беше прекомандуван во 2019 година од Аталанта, додека имаше кариера и во Италија со Лацио. .