Директорот на Спортинг Лисабон, Уго Виана одби да ја отфрли можноста Кристијано Роналдо да се врати во клубот.
Тој за „Скај Спортс“ изјави дека е невозможно Роналдо ова лето да се врати во Португалија.
„Не, сега мислам дека нема да биде возможно. Но, никогаш не знаеме. Тој може да одлучи каде може да оди. Но, ние никогаш не ја знаеме иднината. Не сакам да зборувам премногу за тоа, бидејќи кога зборуваме за Роналдо е сосема поинаку. Мислам дека има уште една година договор, па треба да видиме што ќе одлучи“, изјави Вијана.
38-годишниот напаѓач со Манчестер Јунајтед има договор до летото следната година. Португалската ѕвезда се разви како играч во Спортинг пред да се пресели во Untied за прв пат во 2003 година. Тој исто така имаше успешна кариера во Реал Мадрид и Јувентус.