Централниот играч за врска на Чешка, Владимир Дарида, очекува огнена атмосфера кога чешкиот репрезентативец в сабота на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина ќе се соочи со Косово, во елиминацискиот натпревар за ЕП 2020 година.
Дарида имаше сезона за заборав, каде настрада со повреди. Но, играчот од средниот ред вели дека повторно ужива во фудбалот, додека игра за Херта Берлин. Тој се врати во Чешка за натпреварите против Косово и Црна Гора, пишува денеска Коха Диторе.
„Претставниците од Балканот се секогаш многу силни дома, имаат огнена средина. Се надевам дека ќе успееме, бидејќи тоа може да биде клучен чекор за нас да напредуваме понатаму. Косово е тим кој иако доаѓа од последниот лонец , е многу непријатно, краде бодови од други тимови. Ако ги погледнете играчите на Косово, сите играат во странство“, изјави Дарида во понеделникот, објави официјалниот сајт на Чешката фудбалска федерација. Чешка, како и Косово, во понеделникот ги започна подготовките.
„Тоа би можеле да бидат двата најважни натпревари во нокаут циклусот и мораме да го направиме тоа. Сите чувствуваме дека можеме да го направиме тоа и дека сме на вистинскиот пат“.
Чешка важи за директен ривал на Косово за второто место во групата А од квалификациите.
(Прочитајте повеќе во Коха Диторе)