KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Суарез заминува од Национал

Напаѓачот Луис Суарез следниот месец ќе биде слободен агент по заминувањето од тимот на Национал.

Всушност, Суарез ќе си замине на крајот на октомври кога ќе заврши сезоната во уругвајскиот шампионат. Веста за заминувањето на Суарез во вторникот ја потврдија и челниците на уругвајскиот клуб. 35-годишниот фудбалер се приклучи на Национал на слободен трансфер во јуни, враќајќи се во клубот од детството по 16 години.

Откако дојде во Национал, Суарез постигна четири гола во осум првенствени настапи.

„Кога ќе заврши првенството, Суарез ќе си замине, бидејќи вака го имавме договорот од почетокот. Тој направи голема жртва за да се врати овде и му благодариме за се“, изјави претседателот на Национал, Хозе Фуентес.