Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, воопшто не е исплашен од квалификациите на неговиот тим на „Евро 2024“. Тој со потполно уверување инсистира Италија да учествува на турнирот следната година што ќе се одржи во Германија.
Италија беше поразена со 3-1 од Англија во вторникот вечерта и му го донесе првиот пораз на Спалети на чело на Италија. Италија со овој пораз падна на третата позиција во групата Ц со 10 бода, три помалку од Украина, која е втора, додека Англија веќе се пласираше.
На Италија и требаат четири бода во последните два натпревари од овој циклус кои ги игра следниот месец, а Спалети верува во успех. Ќе игра директен натпревар со Украина.
Воопшто не се плашам бидејќи верувам дека ќе бидеме во Германија“, изјави Спалети.