Малишева и Приштина ремизираа во неделата во 34. коло од косовската Суперлига во фудбал, 1:1.
А во борбата за опстанок може многу да им помогне освоениот бод на малешевскиот тим предводен од тренерот Билбил Соколи.
„Го дадовме максимумот на денешниот натпревар. Добивме бод кој се надевам дека многу ќе ни помогне во борбата за опстанок до крајот на првенството“, изјави Соколи по мечот.