Челзи инсистира на трансфер на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. „Кориере дело спорт“ во понеделникот објави дека англискиот клуб е подготвен да ја плати цената што ја бара Наполи за Сенегалецот.
Вредноста на дефанзивецот на Сенегал е 35 милиони евра според „трансфермакт“, но Наполи сака околу 50 милиони евра.
Кулибали долго време се поврзува со преселба во Премиер лигата. Тој има договор со италијанскиот клуб до летото 2023. Доколку остане во Наполи, Кулибали ќе ја носи капитенската лента.