KOHA.net

СПОРТ

Многу популарни тимови по Реј Манајт

Реј Манај ќе ја напушти Барселона пред крајот на летниот преоден рок.

Тренерот на Каталонците Роналд Куман не смета на услугите на албанскиот напаѓач кој се очекува кариерата да ја продолжи на друго место.

Како што пренесува шпанскиот весник „АС“, интерес за 24-годишниот напаѓач пројавиле екипи како Каљари, Рајо Ваљекано, Фенербахче, Фрајбург и Андерлехт.

Манај има договор со Барселона до 2024 година Шпанскиот клуб бара околу еден милион евра за да го ослободи напаѓачот.