Пенал постигнат на почетокот на првото полувреме ја донесе победата на Лапи против Дреница со резултат 1:0 во 19. коло од фудбалската суперлига на Косово.
Токму ова беше и решавачкиот момент во поразот што го претрпе Дреница, изјави по натпреварот тренерот на „црвените“ Беким Шотани.
„Пеналот што го изведовме психички не повреди. Се обидовме да го промениме системот на игра, направивме промени за да бидеме поофанзивни. Се обидовме по секоја цена да го израмниме резултатот и дадовме максимум. Се снајдовме исклучително добро, но не успеавме да го постигнеме голот што ќе ни обезбедише бод“, изјави Шотани.