KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Севиља бара тренер

Се очекува челниците на Севиља наскоро да реагираат по лошиот старт на клубот оваа сезона во Ла Лига. „АС“ во вторник објави дека клубот во текот на оваа недела ќе донесе одлука за отказ на тренерот Хулен Лопетеги поради лоши резултати.

Пет бода од седум одиграни натпревари досега во првенството ги наведоа челниците на клубот да бараат опции за замена на Лопетеги.

Трите можни опции за замена на Лопетеги, кој има договор до 2024 година, се Рафаел Бенитез, Хорхе Сампаоли и Маурисио Покетино. Лопетеги е на чело на тимот од сезоната 2019/20.