Се најавува ново поглавје во кариерата на Серхио Рамос.
Според пишувањата на шпанските медиуми, капитенот на Реал Мадрид побарал од претседателот на клубот Флорентино Перез да му дозволи да си замине како слободен играч.
Се наведува дека 33-годишниот играч добил голема понуда од Азија и има намера да ја заврши кариерата во Кина.
Според извештаите, сепак, Перез првично ја отфрлил идејата капитенот на Мадрид „да им биде подарен на Кинезите“.
Слични статии