Дефанзивецот Фабијан Шар и по завршувањето на актуелната сезона ќе биде дел од Њукасл Јунајтед.
Англискиот клуб во понеделникот објави дека Швајцарецот го обновил на уште една година договорот кој истече летово.
Со обновувањето на договорот, Шар ќе остане во Њукасл до летото следната година, а има опција да продолжи уште една година.
Швајцарецот оваа сезона покажа добри перформанси и е незаменлив во дефанзивниот дел на Њукасл Јунајтед.
На 28 одиграни натпревари во сите натпреварувања, тој придонесе со еден гол и една асистенција. Шар е дел од Њукасл од 2018 година, додека претходно настапуваше и за Депортиво Ла Коруња, Хофенхајм и Базел.