Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо постигна два гола во победата на тимот на Ал-Наср.
Роналдо беше незапирлив во победата од 4:3 против Ал-Ахли.
38-годишникот го постигна голот за 1:0 во четвртата минута и за 4:2 во 52. минута.
Ал-Наср по седум одиграни натпревари има 15 бода, три помалку од Ал-Итихади.