Реал Мадрид влезе во трка за десниот дефанзивец, Французинот Бенжамин Павард, напиша во четвртокот „Марка“.
Се вели дека Реал е решен да им конкурира на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Барселона за услугите на Павард.
Се очекува 27-годишниот фудбалер да го напушти Баерн ова лето, а баварскиот тим за неговиот картон бара најмалку 40 милиони евра.
Павард има договор со германскиот тим до следната година, но побара да си замине бидејќи сака кариерата да ја продолжи во друго првенство.
Од 2019 година е дел од Баерн, тим со кој освои четири шампионски титули на Германија. Во последното издание Павард на 43 настапи постигна 7 гола и забележа 1 асистенција.