Вердер Бремен се надева дека ќе го има на располагање косовскиот напаѓач Милот Рашица за првенствениот натпревар против Аугсбург, објавија во понеделник германските медиуми.
Рашица ги пропушти последните шест натпревари на Вердер во сите натпреварувања, но неодамна се врати на тренинзите и клубот верува дека ќе биде подготвен за натпреварот против Вердер на 16 јануари.
Рашица ќе го пропушти дуелот на Бремен против Баер Леверкузен во сабота, но се очекува да биде достапен за домашниот дуел со Аугсбург.
„Планот е Милоти да биде подготвен за натпреварот против Аугсбург. Ќе ги интензивираме неговите тренинзи во текот на овие денови за да можеме да сметаме на дуелот со Аугсбург“, изјави спортскиот директор на Вердер, Франк Бауман.
24-годишниот Рашица оваа сезона има само пет настапи во Бундеслигата.