Серхио Рамос чека да дебитира со Пари Сен Жермен. Шпанскиот дефанзивец беше собран на последната средба против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, но не беше вклучен во игра.
Но, долгоочекуваното деби, шпанскиот дефанзивец ќе го има во недела во француската лига на натпреварот против Ст. Етјен.
35-годишниот фудбалер ја остави повредата зад себе и ќе биде подготвен за следниот натпревар.
Рамос во текот на летото се пресели во ПСЖ како слободен играч од Реал Мадрид.