Кристијан Пулишиќ нема да го напушти тимот на Челзи во овој преоден рок, објави во понеделникот „The Sun“. Познато е дека лондонскиот клуб ги одбил сите понуди за Пулишиќ, бидејќи тренерот Томас Тухел оваа сезона смета на неговите услуги.
23-годишниот фудбалер беше подготвен да го напушти Челзи ова лето, а интерес за неговите услуги покажаа Манчестер Јунајтед, Јувентус и Милан. Сепак, тој нема да го напушти Стемфорд Бриџ бидејќи му беше ветена важна улога во тимот оваа сезона.
Пулишиќ досега има три настапи во Премиер лигата за Челзи, тим со кој има договор до 2024 година.
Слични статии