Иднината на Џорџинио Вајналдум во Пари Сен Жермен останува нејасна.
Играчот од средниот ред не успеа да се најде во францускиот тим, играјќи главно како замена минатото издание.
Холанѓанецот би можел да си замине ова лето откако не најде доволно простор во стартниот тим.
Тимот на ПСВ Ајндховен се обидува да ја искористи оваа ситуација. Челниците на ПСВ започнаа контакти со играчот и имаат за цел да го убедат да се врати во холандското првенство.