KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

ПСЖ по Руиз

Пари Сен Жермен е подготвен да му плати на тимот на Наполи 50 милиони евра за услугите на играчот од средниот ред Фабијан Руиз, објавија италијанските медиуми.

ПСЖ инсистира на трансфер на Шпанецот кој блесна минатата сезона во Наполи.

24-годишниот Руиз има договор со Наполи до 2023 година, а пред две години премина од Реал Бетис за 30 милиони евра, пренесува КОХА.

Во изданието 2019/20, Руиз беше меѓу најценетите играчи од средниот ред во Серија А.

На 46 настапи за Наполи во сите натпреварувања има постигнато четири гола и шест асистенции.

Руиз исто така има седум натпревари и еден постигнат гол за Шпанија откако дебитираше минатата година.