Пари Сен Жермен подготвува понуда за продолжување на договорот на Килијан Мбапе.
Челниците на францускиот клуб не сакаат да дозволат заминување на ѕвездата на тимот. Мбапе има договор со парижаните до 2022 година и се уште не го продолжил.
Но, според „Л’Екип“, клубот одлучил да му понуди на крилниот напаѓач нето плата од 30 милиони евра по сезона за продолжување на договорот.
Мбапе оваа сезона на 35 натпревари постигна 28 гола и девет асистенции.