Реал Мадрид го подготви планот за трансфер на ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе.
„АС“ пренесува дека клубот од Мадрид има за цел да обезбеди околу 150 милиони евра со продажба на некои фудбалери за потпис на Французинот.
Според шпанскиот весник, Реал на продажната листа ги има Герет Бејл, Иско, Марсело, Дани Себаљос, Лука Јовиќ и Брахим Дијаз.
Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година и на моменти се пишуваше дека не се согласил да го продолжи.