KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Пјаниќ среќен што игра покрај Меси во Барселона

Босанскиот играч за врска Миралем Пјаниќ со нетрпение очекува да игра покрај Лионел Меси во Барселона, пишува агенцијата Ројтерс.

Пјаниќ конечно беше претставен во Барселона во вторникот. Тој беше префрлен од Јувентус.

На Босанецот му беше дијагностициран новиот коронавирус и мораше да се изолира пред да тренира со Барселона минатата недела. Тој дојде во клубот во јуни за 65 милиони евра.

„Не можам да го замислам Меси во друг дрес. Мислев дека се ќе заврши добро“, изјави Пјаниќ, кој во Барселона ќе го носи дресот со број 8. „Мојата желба беше да играм покрај Меси и не се сомневав“.