KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Година и пол само половина од работите на стадионот се завршени

Јули годинава беше краен рок за завршување на работите на стадионот на градот Приштина. Но, кога поминаа пет месеци од овој рок и година и пол од почетокот на работите, завршени се само 50 отсто од работите.

Останатите 50 проценти, претставници на Министерството за култура, млади и спорт (МКРС), очекуваат да бидат завршени во следните пет месеци, пишува денеска „Коха диторе“.

Пред извесно време од МКРС беше кажано дека стадионот ќе биде готов на „рана пролет“, додека новиот рок сега е даден на крајот на мај, кој припаѓа на „доцна пролет“.

Директорот на Спортското одделение во МКРС, Ибер Алај, е убеден дека работите ќе бидат прифатени од УЕФА и дека Косово квалификациските натпревари ќе ги игра на стадионот во Приштина.

Репрезентативката на Косово следниот циклус квалификациски натпревари ќе ги започне во септември, но веќе во март мора да го претстави на УЕФА стадионот на кој ќе ги игра натпреварите... (прочитајте повеќе денеска во „Коха Диторе“)