Фудбалската легенда Пеле му честиташе на Лионел Меси за победата на Светското првенство.
Тој му честиташе и на Килијан Мбапе, а го вклучи и Марадона.
„Денес фудбалот продолжува да ја раскажува својата приказна, како и секогаш, на возбудлив начин. Меси го освои првото Светско првенство, како што заслужи неговата траекторија. Мојот драг пријател Мбапе постигна четири гола во финалето. Каков подарок беше да се гледа ова шоу за иднината на нашиот спорт. И не можам а да не му честитам на Мароко за извонредната кампања. Прекрасно е да се види како блеска Африка. Честитки за Аргентина! Диего сега се насмевнува“, напиша Пеле.
r