Шпанскиот гигант, Реал Мадрид по секоја цена ја сака ѕвездата на Монако, Килијан Мбапе.
Според странските медиуми, европскиот шампион подготвува супер-понуда за Французинот, пренесува кп.
„Кралевите“ се подготвени да истурат 120 милиони евра во касата на Монако за да го направат Мбапе свој.
Французинот го бараат неколку големи европски клубови, меѓу кои и Барселона, но се чини дека ривалите на Каталонците, Реал Мадрид се поблиску до играчот.