Играчот од средниот ред Месут Озил нема намера да го напушти тимот на Арсенал, бидејќи е решен да биде дел од лондонскиот клуб до крајот на договорот.
Веста во четвртокот ја објавија англиските медиуми, пренесува Коха диторе.
Озил има договор со Арсенал до 2021 година, а во текот на овие денови беше објавено дека играчот од средниот ред ќе замине во јануари бидејќи не е дел од плановите на клубот.
„Не, нема да го напуштам Арсенал, бидејќи имам договор до 2021 година. Ќе го почитувам до крајот. Точно е дека поминувам низ тежок период, но ќе останам во клубот“, изјави Озил.
31-годишниот фудбалер има само два настапи за Арсенал оваа сезона и е дел од клубот од 2013 година.