Поранешниот репрезентативец на Косово, Атхе Нухиу, постигна еден гол и асистираше за два во победата од 3:0 што Алтачу ја постигна на гостувањето против Адмира Вакер Модлинг, во рамките на австриската Бундес лига.
Нухиу го постигна првиот гол на Алтачу во 70. минута, а асистираше за уште два гола.
Тој го одигра целиот натпревар.
32-годишниот Нухи оваа сезона во австриската Бундес лига постигна пет гола и асистираше на три други. Тој постигна гол и во Купот на Австрија.
Алтачу со победата најверојатно ќе обезбеди опстанок во Бундеслигата. Потребна му е победа во последното коло против Тирол за да си обезбеди останување во елитата.