Се очекува Бразилецот Нејмар летово конечно да го напушти Пари Сен Жермен и по секоја веројатност кариерата да ја продолжи во Англија.
Впрочем, не е исклучена можноста летово да му се приклучи на англискиот шампион Манчестер Сити. „Л’Екип“ во понеделникот објави дека Нејмар веќе бил контактиран од англискиот тим, поточно од тренерот Пеп Гвардиола.
31-годишниот фудбалер е ставен на продажба од Париз, тим кој за неговиот картон бара најмалку 60 милиони евра.
Нејмар има договор со ПСЖ до 2026 година и е дел од овој клуб од 2017 година, кога дојде од Барселона.
Нејмар оваа сезона постигна 18 голови и 17 асистенции во сите натпреварувања.