Новиот извештај на „Мундо Депортиво“ вели дека ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар е отворена за преминување во Јувентус.
Нејмар се врати на тренинзите во ПСЖ, но шпанскиот весник инсистира дека сака да замине ова лето и тешко дека ќе се случи враќање во Барселона.
Имајќи го ова на ум, Бразилецот размислува за преселба во Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Според весникот, Јувентус, кој цели кон Лигата на шампионите, би можел да биде тимот што најмногу го преферира 27-годишниот фудбалер.
Но, „старата дама“ веќе потроши многу пари и не се очекува да постигне договор кој би го задоволил дури и ПСЖ.
Нејмар стана најскапиот фудбалер на светот кога во 2017 година од Барса се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра. Тој постигна 51 гол на 58 натпревари и освои две титули во Лига 1.