Њукасл Јунајтед планира да му понуди на Бруно Гимарес нов договор со највисока плата во клубот за да го одврати интересот на другите клубови. Ова го објави во понеделникот „goal.com“.
25-годишниот играч за врска со англискиот клуб има договор до јуни 2026. Но, челниците на англискиот клуб се соочуваат со голем број на клубови заинтересирани за бразилскиот фудбалер.
Гимарес постигна четири гола и придонесе со три асистенции на 24 натпревари во сите натпреварувања во тековната сезона.