Португалскиот играч за врска, Рубен Невес, најверојатно следната сезона ќе игра за тимот на Барселона, објави во понеделникот „Атлетик“.
Познато е дека Невес побарал да го напушти Вулверхемптон за да се пресели во Барселона.
Невес ги известил челниците на англискиот тим кои за негово ослободување бараат околу 40 милиони евра.
Барселона веќе започна контакти со англискиот тим за 25-годишниот фудбалер. Невес е дел од Волвс од 2017 година кога дојде од Порто и има договор до 2024. Сезонава постигна четири гола и имаше две асистенции на 31 настап во сите натпреварувања.