Наполи го претстави дефанзивецот Мин-џае Ким. 25-годишниот јужнокореец е официјализиран од италијанскиот клуб.
Ким беше префрлен од Фенербахче за околу 18 милиони евра.
Централниот дефанзивец потпиша договор до 2025 година, со можност за продолжување на уште две години.
Ким дојде во Наполи како замена за Калиду Кулибали.
Фудбалерот ја изрази својата среќа со трансферот во Серија А, ветувајќи го најдоброто.
Слични статии