Во шампионот на Италија, Наполи размислуваат за промена на тренерската позиција. „Газета дело спорт“ во вторникот објави дека претседателот на Неапол, Аурелио Де Лаурентис веќе ја започнал потрагата по нов тренер.
Се зборува дека Де Лаурентис воопшто не е задоволен од работата на Французинот Руди Гарсија, кој се очекува наскоро да добие отказ.
Наполи имаше слаб старт оваа сезона, каде по пет одиграни натпревари забележа 2 победи, 2 нерешени и 1 пораз.
Гарсија го презеде Наполи пред почетокот на оваа сезона, на местото на Лучијано Спалети, но клубот не е задоволен од неговата работа. Тој има договор со Наполи до 2025 година, а како негови наследници се споменуваат Хрватот Игор Тудор и Французинот Кристоф Галтие.