Фудбалската федерација на Косово во понеделник веднаш одржа состанок со лекарските тимови на клубовите од Супер лигата. На средбата медицинските лица на клубовите добија инструкции за мерките што треба да ги преземат, по дозволата од Министерството за здравство да се вратат на тренинзите, а подоцна и на натпреварите.
„Средбата ја одржа шефот на лекарскиот тим на ФФК, Мурат Бериша. Целта на оваа средба беше информирање и објаснување на медицинскиот персонал за хигиенско-санитарните протоколарни мерки за тренинзи и натпревари, за заштита од КОВИД-19. дистрибуирани, како и за дезинфекција на стадионските простори каде се одржуваат тренинзите и натпреварите. Овие алатки ФФК ги обезбеди за сите клубови од Суперлигата“, се наведува во соопштението.
-
ФФК, загрижена поради непочитувањето на мерките на натпреварите
-
Здравствените синдикати апелираат партиите да се придржуваат до мерките за време на изборната кампања
-
ФФК се повлекува, ги одложува викенд натпреварите
-
ФФК чека потврда од УЕФА дали ги прифати тестовите на Косово
-
ФФК стравува дека натпреварите може да бидат прекинати