Милан го бара бекот на Тотенхем, Серж Орие, како можна замена за Андреа Конти, објави Calciomercato.
Се очекува Конти да му се приклучи на германскиот тим Вердер Бремен на позајмица, па челниците на Милан имаат намера да го земат Ауриер на местото на Конти, пренесува Коха Диторе.
Ауриер минатата сезона со Тотенхем забележа само осум настапи во Премиер лигата. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има договор со Тотенхем до 2022 година.
26-годишниот дефанзивец на Тотенхем во летото 2017 година за 25 милиони евра премина од Пари Сен Жермен.