Екипата на Милан е во потрага по трансферот на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Арда Ѓулер.
Шпанските медиуми во понеделникот пренесуваат дека Милан е подготвен да понуди и до 20 милиони евра за турскиот фудбалер.
Дури се говори дека италијанскиот тим цели на трансферот на 18-годишниот фудбалер во јануарскиот преоден рок.
Ѓулер дојде во Реал пред почетокот на оваа сезона, но допрва треба да дебитира за шпанскиот тим поради проблеми со повреди. Тој се здоби со две повреди на тренинзите и се уште не е подготвен за игра, што не му се допаѓа на Реал. За неговиот картон Реал на Фенербахче му плати 20 милиони евра, додека Ѓулер потпиша договор до летото 2029 година.