KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Милан победува без Ибрахимовиќ

Тимот на Милан настапи без повредената ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ, но успеа да победи на гостувањето кај Сампдорија. Милан во неделата ја победи Сампдорија со резултат 2:1, во 10. коло.

Франк Кеси погоди доцна во првото полувреме од пенал за да замине на паузата со еден гол предност.

Црвено-црниот тим зголеми на 2:0 во 77. минута со голот на Шпанецот Самуел Кастиљехо.

Се што успеа да направи Сампдорија на домашен терен е голот постигнат во 83. минута преку Швеѓанецот Албин Екдал.

Со оваа победа Милан се зацврсти на првото место со 26 бодови, додека Сампдорија го зазема 12-тото место со 11 бодови. За Милан тоа беше 22. меч без пораз во првенството.

Слични статии