Барселона во саботата на Камп Ноу во третата недела од Ла Лига го совлада Еспањол со 5-0.
Несомнено, човек на ноќта беше аргентинскиот напаѓач Лионел Меси, кој постигна хет-трик во победата на „балуграните“, пренесува кп.
Меси погоди во 26., 35. и 67. минута, додека еден гол за домаќините не постигнаа Пике во 87. минута и Луис Суарез во 90. минута.
По оваа победа на табелата води Барселона со девет бодови, два повеќе од Севиља, додека Еспањол е на 15. место со само еден бод.
Слични статии