KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Меси ја добива „Златната копачка“, го надмина Кристијано Роналдо

Лионел Меси ја доби наградата „Златна копачка“, како најдобар стрелец во сите европски лиги минатата сезона.

Ова беше петта награда за Аргентинецот. Суперѕвездата на Барселона сега го надмина Кристијано Роналдо кој има четворица на листата на фудбалери со најмногу награди „Златна копачка“.

Меси минатата сезона постигна 34 гола во елитната шпанска лига Ла Лига, помагајќи и на Барселона да ја освои титулата.

По добивањето на оваа награда, Меси изјави дека кога почнал да игра фудбал се што сакал е да стане професионалец и не ни помислувал дека ќе освои толку награди.

„Не го очекував сето ова. Кога почнав да играм, мојот сон беше да станам професионален фудбалер. Ми се допаѓа работата, трудот и пред се моите соиграчи. Јас сум во најдобриот тим на светот, ги имам најдобрите играчи во светот во Барселона и ова ми олеснува се да ги освојам овие награди“, изјави Меси.

Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах беше втор со своите 32 гола во Премиер лигата.

исто така Меси по шести пат ја освојува Златната копачка СПОРТ Меси по шести пат ја освојува Златната копачка

Меси го освои овој трофеј во сезоните 2009-2010 (34 голови), 2011-2012 (50 голови), 2012-2013 (46 голови), 2016-2017 (37) и сега 2017-2018 (34 голови).

31-годишниот играч е најдобар стрелец на Барса во историјата, со 572 гола на 655 натпревари.

Златната копачка ја доделува European Sports Media, асоцијација на европски спортски весници и списанија.