Фудбалската репрезентативка на Косово, Ерелета Мемети, ја оцени турската репрезентација како силен противник, но сепак е оптимист дека со поддршка од навивачите ќе извлечат позитивен резултат на петочниот натпревар.
На прес-конференцијата Мемети рече дека одлично се подготвиле за овој натпревар, кој важи за квалификациите за ЕП 2021 година.
Фазлија вели дека Косово ќе игра напаѓачка игра против Турција
„Се подготвивме многу добро за натпреварот. Знаеме дека Турција е силна репрезентација, но верувавме дека и со поддршка од гледачите ќе успееме“, изјави Мемети, пренесува КТВ.
На 30 август Косово со почеток во 20 часот и гостува на Турција, а влезот за навивачите ќе биде слободен.
Слични статии