Мали ја мина групната фаза на Африканскиот куп на нации. Во четвртокот вечерта Мали триумфираше против Мавританија со резултат 2:0 и се пласираше понатаму по победата од 2:0.
Со целосните бодови на овој дуел, Мали оди во нокаут фазата со седум бода од групата Ф, додека Мавританија е елиминирана од натпреварувањето, без да добие ниту еден бод.
Головите за тимот од Мали ги постигнаа Масадио Хаидара во втората минута и Ибрахима Коне во 49. минута од пенал.
Другата средба од групата Ф меѓу Гамбија и Тунис заврши со резултат 1:0 за Гамбија. Гамбија со победата ја минува групната фаза од второто место со седум бода, колку што има и Мали, но со послаба бројка на голови.
Тунис е позициониран на третото место со три бода. Тунис имаше шанса за гол во првата дополнителна минута од првото полувреме. Сејфедин Јазири погреши од белата точка.
Победничкиот гол за Гамбија го постигна Абли Жалоу во третата минута од судиското продолжение.